Антиќ солидно, но Атланта поразена

Екипата на Атланта во чии редови настапува Македонецот Перо Антиќ ја продолжува борбата за пласман во разигрувањетоза титулата. На гостувањето кај Торонто, Атланта загуби, но и нивниот конкурент за осмата позиција Њујорк ја прекина серијата победи со поразот од Кливленд на домашен терен.

Во тимот на Атланта, Антиќ одигра 26 минути и имаше 10 скокови и четири поени. Најефикасен на натпреварот беше Кајли Ловли од Торонто со 25 поени.

Торонто до победата дојде благодарение на последната четвртина што ја доби со 36:15.

Резултати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Торонто - Атланта 96:86, Минесота - Феникс 120:127, Денвер - Вашингтон 105:102, Сакраменто - Милвоки 124:107, Далас - Бруклин 104:107 (продолжение), Њујорк - Кливленд 100:106 и ЛА Лејкерс - Орландо 103:94.

Вечерва се играат десет натпревари: Шарлот - Хјустон, Атланта - Феникс, Мајами - Портланд, Чикаго - Индијана, Мемфис - Минесота, Њу Орлеанс - Бруклин, Оклахома Сити - Денвер, Сан Антонио - Филаделфија, Јута - Детроит и ЛА Клиперс - Милвоки.

Пласман Источна конференција: Индијана 51-19 (победи-порази), Мајами - 47-21, Торонто 39-30, Чикаго 39-31, Бруклин 37-31, Вашингтон 36-34, Шарлот 34-36, Атланта 31-37, Њујорк 29-41,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 53-16, Оклахома Сити 51-18, ЛА Клиперс 49-21, Хјустон 47-22, Портланд 45-25, Голден Стејт 44-27, Мемфис 41-28, Далас 42-29, Феникс 41-29,

24.03.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега