Во тимот на колото имаше место и за Дибиров и Вугринец
Позитивните резултати и игрите на ракометарите на Вардар и на Металург не останаа незабележани, па така во тимот на колото се најдоа по еден играч од двата тима.
На позицијата лево крило е избран Тимур Дибиров од Вардар (постигна 9 голови со Хамбург), а на позицијата десен бек е Ренато Вугринец од Металург (постигна 13 голови против Колдинг).
Тим на колото (прв осминафинален натпревар):
лево крило - Тимур Дибиров (Вардар),
лев бек - Мариуш Јуркевич (Висла),
среден бек - Стас Скубе (Горење),
десен бек - Ренато Вугринец (Металург),
десно крило - Штефан Шродер (Хамбург),
пивот - Ренато Сулиќ (Веспрем) и
голман - Славомир Шмал (Киелце).
Ренато Вугринец со 75 голови е најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа