Толку од сонцето: Студен бран го зафати Балканот

Студен бран изутринава го зафати регионот на Балканот, предизвикувајќи град што целосно ги прекри улиците на хрватскиот град Ријека, додека во повисоките делови на Хрватска, но и на Жабљак во Црна Гора паѓаше снег.

Неколку сантиметри снег наврбаа на Платак, а снег паѓаше и на повисоките предели Лика и Горски Котор, а во текот на утринските часови и на Биоково.

Врнежливо време и снег на планините во Хрватска се најавува и за утре.

Во Босна и Херцеговина времето е облачно со дожд, а и во оваа земја е прогнозоран снег на планините.

Во Црна Гора, Жабљак од изутрината е под снег, а во повисоките предели снегот паѓаше подолг временски период.

Во Македонија денеска попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. На некои места врнежите ќе бидат пообилни, особено во крајните западни и североисточни делови од земјава.

Повеќе прочитајте тука.

24.03.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега