УЕФА го казни Баерн со затворање на дел од стадионот за мечот со Манчесто Ј. во ЛШ

 

Европскиот фудбалски шампион Баерн Минхен нема да може да ја има целосната поддршка од своите фанови за време на четвртфиналниот меч од Лигата на Шампиони со Манчестер Јунајтед, откако УЕФА реши да го казни бундеслигашот поради дискриминаторскиот транспарент кој се појави на средбата со Арсенал.

- Баерн ќе мора да го затвори секторот 124 на „Алијанц Арена“ за ревншот со англискиот шампион на 9 април, соопшти УЕФА.

Ваквата одлука УЕФА ја образложи како санкција поради истакнувањето на хомофобичен транспарент „Геј Ганерс“ на средбата од ЛШ со Арсенал, со карикатура на гостинскиот играч Месут Озил.

На истиот натпревар навивачите на баварскиот клуб истакнаа и транспарент за прием на Косово во УЕФА на кој пишуваше „Кажи НЕ за расизмот, кажи Да за Косово“.

Освен казната со затворање на дел од стадионот Баерн е казнет и со 10 илјади евра.

24.03.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега