Грциja го одбележува националниот празник- ослободувањето од турскa власт

Грција денеска со воена парада во Атина го одбележува својот национален празник - ослободувањето од турскa власт и создавањето независна грчка држава.

Годишнината од грчкото востание против турските поробувачи во 1821 година вчера беше одбележена со ученички манифестации во Атина, Солун и другите поголеми градови во земјата.

Грција има потреба од план за конечен излез од кризата, се наведува во пораката на претседателот Каролос Папуљас по повод празникот а премиерот Андонис Самарас порача дека за неколку години Грција ќе биде посилна од било кога порано.

 

 

Грците својата независност ја извојувале во 1829 година, но за Ден на независноста и за свој национален празник го избрале 25 март 1821 година (Благовештение).

На овој датум митрополитот на Патра, Германос, го крева грчкото знаме и овој ден се смета за почеток на борбата против Турците, што резултирала со победа осум години подоцна. 

25.03.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега