Пет поени, 8 скокови и 2 асистенции - Антиќ покажа што знае на натпреварот против Феникс
Екипата на македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, Атланта повторно „влезе“ во серија порази откако синоќа на домашен терен загуби од Феникс со 102:95.
Перо Антиќ на овој натпревар одигра 25,5 минути и постигна 5 поени, а имаше 8 скокови и 2 асистенции. Со 8 скокови тој беше најдобар во својот тим во оваа категорија.
Ерик Бледсо од Феникс со 20 поени беше најефикасен на натпреварот.
На другите натпревари ноќеска во НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Шарлот - Хјустон 89:100, Мајами - Портланд 93:91, Чикаго - Индијана 89:77, Мемфис - Минесота 109:92, Њу Орлеанс - Бруклин 109:104 (продолжение), Оклахома Сити - Денвер 117:96, Сан Антонио - Филаделфија 113:91, Јута - Детроит 94:114 и ЛА Клиперс - Милвоки 106:98.
Учество во плеј-офот имаат обезбедено три екипи: Индијана, Мајами (Исток) и Сан Антонио (Запад).
Пласман Источна конференција: Индијана 51-20 (победи -порази), Мајами 48-21, Торонто 39-30, Чикаго 40-31, Бруклин 37-32, Вашингтон 36-34, Шарлот 34-37, Атланта 31-38, Њујорк 29-41,...
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 54-16, Оклахома Сити 52-18, ЛА Клиперс 50-21, Хјустон 48-22, Портланд 45-26, Голден Стејт 44-27, Мемфис 42-28, Феникс 42-29, Далас 42-29,...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа