Дел од навивачката група „Комити" ги препродавале гратисите за мечот со Хамбург

 

„Комитите“ не го бодреа РК Вардар на мечот со Хамбург револтирани поради барањето за идентификација при самиот влез во салата , бидејќи според нив вакво нешто било побарано само од оваа навивачка група. По тој повод, од таборот на ракометниот шампион се огласија со детално соопштение за начинот на организација на самиот натпревар.

Во деталното соопштение стои дека никогаш не посакуваат да загубат било каков поддржувач, а најмалку оние кои секогаш ги поддржувале и почитувале како осми играч.

Од таборот велат и дека дел од „Комитите“ своите гратиси кои ги добиле за мечот со Хамбург ги препродавале, па затоа и упатуваат апел да не ги препродаваат гратис влезниците кои ги добиваат бесплатно од страна на раководството.

Овде прочитајте го целото соопштение.

25.03.2014 - 10:24
Фото: 
Новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега