УЕФА воведува Лига на нациите
Европската фудбалска асоцијација, планира да воведе турнир Лига на нациите врз основа на кој репрезентациите би можеле да изборат пласман на Светско и Европско првенство, пренесува "Скај Спорт".
Ова натпреварување би се играло секоја втора,непарна година, во термините закажани за пријателски натпревари, а би завршило со "Фајнл Фор" на неутрален терен.
Лигата би можела да почне по Мундијалот во Русија, 2018 година, а точниот формат на натпреварите се уште не е познат.
На претстојниот конгрес на УЕФА во Казахстан, ќе се одлучи дали ќе добие дозвола оваа иницијатива.
26.03.2014 - 13:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа