Борис Берзовски западнал во депресија по загубениот судски спор со Роман Абрамович
Некогашниот руски олигарх Борис Березосвки кој едно време важеше за најбогат во Русија и за „силен човек“ на Кремљ, западнал во депресија,пред неговата смрт, откако го загуби спорот со сопственикот на „Челзи“ Роман Абрамович, беше речено на првата расправа во коронерската истрага за неговата смрт.
На сослушувањето пред судијата-коронер во Виндзор, телохранителот на Березовски изјави дека поранешниот милијаредр цели четири месеци, пред да биде најден мртов, бил мошне потиштен и во депресија.
Березовски (67) беше најден мртов во бањата на својата вила во Аскот, во југозападна Англија. При првиот преглед на телото, полицијата забележа марама покрај него и модринки на вратот.
Лондонските медиуми се поделија околу причините за ненадејната смрт на рускиот олигарх, кој 13 години живееше во Велика Британија.
Според едни, постоеше сомневање дека тој е убиен, како жртва на неговите политички и бзнис противници,додека други сметаа дека Березовски се самоубил, откако „практично ништо не остана од неговото големо богатство“.
Како причина за неговата потиштеност и депресијата, порано а и сега се наведува загубениот спор со Абрамович, пред судот во Лондон.
Березовски не само што не успеа да добие 4,7 милијарди долари, колку што бараше од Абрамович,како отштета за акците, откупени по „нереална цена“ туку мораше да ги плати сите судски трошоци од неколку десетици милиони фунти.
Судијата во завршниот збор, уште го обвини Березовски за невистинито прикажување на состојбите и практично, го осуди целото негово претходно однесување во Русија, што се тврди дека најтешко го погодило неговото достоинство.
Березовски и Абрамович на почетокот беа соработници и партнери во нафтената компанија „Сибнефт“ но подоцна се разделија и станаа противници.
Кога Березовски се најде во судир со Владимир Путин, кому му помогна при неговиот прв избор за претседател на Русија, побегна од Москва во 2000 година и се насели во Лондон.
Абрамович тогаш му ги откупи сите акции што во „Сибнефт“ ги имаше Березовски, откако го увери својот поранешен партнер дека може да остане без ништо како „противник на власта“.
Подоцна Абрамович ја продаде нафтената компанија на државата и таа стана дел од „Газпром“ а тој заработи преку седум милијарди долари.
Во 2012 година, Березовски одлучи да го тужи Абрамович тврдејќи дека бил „изигран“ од него, прикажувајќи го како човек близок до власта во Москва, но сопственикот на „Челзи“ успеа да се одбрани.
Во 2003 година Борис Березовски доби политички азил, а односите меѓу Русија и Велика Британја се „оладија“ откако тој почна остро да го критикува претседателот Путин, а британските власти одбиваа да го пуштат да му се суди во Москва, каде беше обвинет за „даночни измами“.
На неколкупати врз него беа извршени обиди за да биде убиен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа