Бекам, Гигс и Сколс ќе станат сопственици на Манчестер Јунајтед?

Легендарната тројка на Манчестер Јунајтед од генерацијата од 1992 година, Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил, е многу веројатно да станат сопственици на тимот од Олд Трафорд, односно да го купат премиерлигашкиот клуб кој во моментов е во сопственост на семејството Глејзер, пренесуваат англиските медиуми. 

Информациите говорат дека поранешните фудбалери од кои Гигс се уште е во составот на „ѓаволите“ со помош на арапски средства од нафта ќе понудат две милијарди фунти на семејството Глејзер со цел да го откупат виликанот од „Театарот на соништата“. 

На почетокот се пишуваше дека екс фудбалерите имаат намера да го откупат нисколигашот Салфорд Сити, тим во кој ќе формираат академија за млади играчи, но гласините околу Јунајтед значат поголеми амбиции. 

Бекам веќе има основано свој сопствен фудбалски клуб и тоа во Мајами, па така нема да му е непозната оваа работа. 

Ваквите гласини ги израдуваа огромниот број на фанови на овој клуб. Тие веќе некое време не се согласуваат со политиките на сегашните газди.

Во моментов генерацијата од 1992-та година има поволна можност, затоа што составот е седми во поредокот со 12 бодови до местото кое што носи Лига на шампиони.

Фановите на Јунајтед се радуваат на гласините, со оглед на тоа дека протестираа за договорот со кој работите во клубот ги презеде семејството Глејзрес.

Во моментов генерацијата од 1992-та година има поволна можност, затоа што составот е седми во поредокот со 12 бодови до местото кое што носи Лига на шампиони.

28.03.2014 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега