Албанската полиција заплени 600 килограми дрога

Полицијата од албанскиот град Корча запленила 600 килограми дрога, која требало да биде прошверцувана на грчка територија.

Во рамките на акцијата „Конти“ уапсени се две лица, еден од селото Дард кај Либражд и еден од Подградец, пренесе МИА.

Дрогата, производство од селото Лазарат, ја транспортирале со комби возило. Како доказен материјал полицијата запленила и автомобил марка „БМВ“ во кој бил еден од упасените а бил претходница на комбето, како и десет мобилни телефони. 

28.03.2014 - 15:16
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега