Штрајк на пристанишните работници и морнарите во Грција

Поради 48- часовниот штрајк на морнарите и вработените во пристаништата против нацрт-закон на Владата, бродовите во Грција денеска ќе останат во пристаништата. Со законот се предвидени намалувања на работните места и намалување на правата на работниците во тој сектор.

Синдикатот бара да се повлечат уредбите од законот за туристичките бродови, бидејќи ќе се зголеми невработеноста на морнарите која веќе е над 55 отсто.

За денеска е планиран протестен митинг пред Министерството за трговска флота.

31.03.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега