ВИДЕО: Пандев асистираше за триумф против Јувентус
Италијанскиот шампион по паузаод пет месеци го доживеа својот прв пораз и тоа од тимот за кој настапува нашиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев, Наполи. Имено Македонецот беше и асистент на еден од двата постигнати погодоци на „наполитанците“.
Дербите од 30 коло во Серија А го одбележаа Хосе Каљехон и Дрес Мартенс.
Наполи му го нанесе вториот пораз на тимот од Торино, во сезонава, но „старата дама“ и понатаму е неприкосновена на врвот од табелата со 11 бодови предност пред нејзиниот најголем конкурент Рома.
Наполи со оваа важна победа остана во трката за второто место, кое носи директен пласман во ЛШ, бидејќи сега има шест бодови помалку од римската „волчица“.
Првиот гол беше постигнат во 37-та минута кога по центаршутот на Инсиње, Каљехон ја погоди мрежата на Јувентус.
Наполи беше подобар противник, имаше неколку одлични шанси, но успеа да реализира само уште една преку Мертенс во 81-та минута. Домаќините организираа контра преку македонскиот интернационалец Горан Пандев кој испрати одлична топка до Мертенс, а Белгиецот меѓу двајца играчи на Јувентус го пронајде патот до мрежата на Буфон.
Серие А, 30.коло
Наполи – Јувентус 2:0
Сасуоло – Рома 0:2
Лацио – Парма 3:2
Торино – Каљари 2:1
Верона – Џенова 3:0
Сампдорија – Фиорентина 0:0
Понеделник:
Удинезе – Катанија
Ливорно – Интер
Сабота:
Милан- Киево 3:0
Болоња – Аталанта 0:2
Табела: Јувентус 81, Рома 70, Наполи 64, Фиорентина 52, Интер 48...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа