Антиќ и Атланта конечно со триумф по шест порази

 

Тимот на Перо Антиќ, Атланта по шест порази ноќеска успеа да триумфира на домашен терен совладувајќи ја Филаделфија со 103:95 (18:31; 25:22; 32:20 и 28:22). 

Најмногу кај домашниот тим се истакна Пол Милсап, кој имаше „дабл-дабл“ учинок 28 поени и 17 скокови Атланта ја постигна 32.та победа.  

Македонскиот кошаркар за нешто повеќе од 21 минута помината на паркетот имаше скромен учинок од само два поени, запишувајќи четири скокови и две асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Тадеус Јанг со 23 постигнати поени.

На врвот на Источната конференција дојде до промена по победата на Мајами, а поразот на Индијана сега лидер е шампионот Мајами.

Резултати на другите дуели во НБА лигата одиграни ноќеска: Шарлот - Вашингтон 100:94, Индијана - Сан Антонио 77:103, Детроит - Милвоки 116:111, Мајами - Торонто 93:83, Чикаго - Бостон 94:80, Минесота - ЛА Клиперс 104:114, Њу Орлеанс - Сакраменто 97:102, Денвер - Мемфис 92:94 и Јута - Њујорк 83:92.

Вечерва играат: Бруклин - Хјустон, Далас - Голден Стејт и ЛА Лејкерс - Портланд.

Пласман Источна конференција: Мајами 51-22 (победи-порази), Индијана 52-23, Торонто 42-32, Чикаго 42-32, Бруклин 39-33, вашингтон 38-36, Шарлот 36-38, Атланта 32-41, Њујорк 32-43,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 58-16, Оклахома Сити 54-19, ЛА Клиперс 53-22, Хјустон 49-23, Портланд 48-27, Голден Стејт 45-28, Далас 44-30, Мемфис 44-30, Феникс 44-30,... 

01.04.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега