Грција го даде под наем поранешниот атински аеродром

Како што соопштија грчките власти, Грција денеска го дала под наем поранешниот атински аеродром во рамки на договорот вреден 915 милиони евра.

Владината агенција за приватизација наведува дека ја прифатила понудата на грчкиот конзорциум „Ламда дивелопмент“ да преземе целосна контрола врз комплексот на поранешниот аеродром „Хелиникон“ во близина на Атина, а должината на траењето не е објавена.

„Хелиникон“ е претворен во спортски комплекс за Олимписките игри од 2004 и се смета за еден од најатрактивните имоти во владина сопственост. Аеродромот се наоѓа осум километри јужно од грчката престолнина и се простира на речиси 620 хектари. Целиот комплекс е три пати поголем од Монако и два пати од лондонскиот Хајд парк.

01.04.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега