Во пресрет на состанокот на министрите на ЕУ во Атина забранети се улични протести

Во пресрет на дводневниот состанок на министрите за финансии на Европската унија, во центарот на Атина, Грција забрани протестни собири.

Забраната се однесува на повеќе централни делови на градот, вклучително плоштадот Синтагма, центарот на антивладините протести против мерките за штедење.

И покрај забраната левичарските групи и синдикати повикаа на масовни протести, наведувајќи дека народот страда поради мерките за штедење што се услов за добивање меѓународна финансиска помош.

Министрите за финансии на ЕУ се очекува на состанокот да одобрат исплата на следната транша од кредитот на земјата.

01.04.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега