Во престрелка повредени тројца косовски полицајци

Тројца припадници на Косовската полиција се повредени синоќа во пукотница во општина Зубин Поток во северниот дел на Косово.

Еден од повредените е пренесен во болница во Косовоска Митровица, а останатите двајца побарале лекарска помош во Зубин Поток, пренесува Танјуг.

 

Директорот на здравствениот центар Милан Ивановиќ изјави дека во пукотница во близина на Зубин Поток повреден е Оливер Кузмановиќ, кој се здобил со повреди на градниот кош и стомакот.

 

Косовските медиуми јавуваат дека во пукотницата кај Зубин Поток се повредени полицајци од српска националност, припадници на пограничната полиција.

01.04.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега