Металург го тужи Артим Шакири за клевета
Фудбалскиот клуб Металург денеска покрена тужба за клевета во граѓанска постапка пред Основен суд Скопје 2 – Скопје, против шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија Тетово, Артим Шакири, соопштуваат од клубот.
- Тужбата се однесува за изнесеното тешко обвинување и клевета од страна на Шакири против фудбалерите на „ФК Металург“ како и самиот клуб, во дневниот весник „Македонски спорт“ на 9 мај годинава, по првенствениот натпревар Шкендија - Металург, стои во соопштението од Металург.
Висината на отштетата изнесува шест милиони денари.
Инаку, Шакири ги обвини играчите на Металург дека направиле обид за поткуп за позитивен резултат на оваа средба.
ФОТО: Плусинфо