Побрзајте да си купите билет за „вечното дерби“

 

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром денеска преку својата веб страна информира дека зголемениот интерес за дерби дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Работнички резултираше со скоро 5.000 продадени влезници до овој момент.

Од македонскиот шампион апелираат дека во продажба има уште мал дел од билетите за вечното дерби.

- За сите заинтересираникои кои ќе сакаат да дојдат до некои од преостанатите билети апелираме тоа да го сторат што поскоро за да не им се скрати можноста во живо да го проследат овој меч, соопштуваат од МЗТ.

Влезниците за овој натпревар кој се игра утре со почеток од 17 часот и 30 минути во СЦ „Борис Трајковски“ се со цена од 100 и 150 денари и може да се набават во СЦ „Ново Лисиче“ и „Мезе Бар“ во ТЦ Скопјанка. 

01.04.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега