Хорор: Татко си ги фрли своите три деца од прозор, па се самоуби

30- годишниот Арас К.  од Србија во средата низ прозорец од зграда си ги фрлил своите три деца и потоа и самиот се фрлил. Причината за ова била неговата сопруга која пред две недели го напуштила и се преселила кај нејзината сестра. Сестрата се јавила во полиција  бидејќи се плашела дека може да им се случи нешто на децата. Полицијата веднаш по дојавата веднаш пристигнала и додека тие викале што се случува таму, таткото своите деца ги фрлил  од прозор па и тој скокнал. Како што информира полицијата такткото и децата паднале од висина од  6 до 8  метри.

Ова семејсатво во таа зграда живеело две години и соседите кажуваат дека таткото работел како доставувач на делови на автомобили, а сега бил невработен и исто така сосдите изјавуваат дека ова семејство било малку чудно и затворени и никогаш децата не си играле надвор.

01.04.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега