Мурињо летово ќе се збогува со ѕвездите од Челзи
Португалскиот стратег во Челзи Жозе Мурињо најави голем ремонт во тимот од Лондон летово пишува London Evening Standard.
Имено „Специјалниот“ не е задоволе од играта на тимот особено од дел од играчите, по што најверојатно голем дел од нив е можно летово да си ги пакуваат куферите од Стенфорд Бриџ.
Весникот пишува дека веќе дел од „сините“ се ставени на трансфер листата а меѓу нив се наоѓаат и ѕвездите Фернандо Торес, Џоб Оби Микел, Давид Луиз и Демба Ба.
Португалецот побарал од ракободството на клубот да се донесе нов елитен напаѓач.
Исто така, играчите кои моментално се на позајмица - Ромел Лукаку, Виктор Мозес, Рајан Бертранд и Марко Марин нема да се вратат на „Стемфорд Бриџ“, а покрај нив, постори и трета група на фудбалери (на кои им истекува договорот), па се очекува дека од следната сезона дресот на Челси нема да го носат ниту Ешли Кол, Самуел Ето, Енрике Иларио и Марк Шварцер.
02.04.2014 - 14:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа