МЗТ Скопје го доби вечното дерби

МЗТ Скопје го доби вечното дерби против Работнички. Тимот од Аеродром славеше со 76:72. Во меч со многу пресврти, се чини потешко од очекувањата, сино белите ја однесоа победата во првото соочување оваа година. Нјпрецизен на мечот беше Синовец кој за МЗТ Скопје Аеродом постигна 24 коша. Во победата на шампионот придонесоа и Цветковиќ со 16 поени, 4 скока и 5 асистенции, Шеховиќ кој постигна 11 поени и Чековски кој запиша 12 коша. 

Во тимот на Работнички најпрецизен беше Красиќ кој даде 22 коша. 11 поени запиша Николиќ, а Колмен и Петровиќ забележаа по 10 поени

02.04.2014 - 19:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега