Мојсовски ги одбројува деновите - наскоро се враќа на терен

Наумче Мојсовски со нетрпение ги одбројува деновите до неговото враќање на теренот.

- В среда ќе ја имам, се надевам, последната контрола кај д-р Шенк во Австрија, на која чекам зелено светло за да почнам со тренинзи. Според мене и според тоа како се чувствувам, се надевам дека откако ќе се вратам од Австрија, ќе почнам со лесни тренинзи. Рехабилитацијата помина многу подобро од очекуваното. Немам проблеми, немам болки, па се надевам дека за брзо време ќе се вратам во форма и ќе бидам дел од екипата, а ако даде господ и на фајналфорот во Келн, низ смеа изјави Мојсоски, пренесе Нова Македонија.

За потсетување, ракометарот се здоби со повреда на натпревар  во декември минатата година.

03.04.2014 - 15:11
Фото: 
Новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега