Јанакиески: Изградбата на автопати отвара 1000 нови работни места
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска изјави дека почетокот на изградбата на двата автопата Скопје-Штип и Кичево-Охрид дава резултати и ќе овозможи вработување на 650 лица.
При денешната посета на Прилеп, Јанакиски изјави дека очекува во скоро време и другите подизведувачи, а и кинеската компанија да објават повик за поголем број вработени.
- Како Влада инсистиравме и е ставено во договорот, минимум 51 процент од вработените кои ќе работат на автопатиштата да бидат македонски граѓани, нагласи Јанакиески, притоа повикувајќи ги сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсите за работа, подвлекувајќи дека ова е уште еден добар чекор за Македонија.
Инаку, градежната компанија „Гранит“ денес објави оглас за вработување на 670 лица, што ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на автопатиштата Скопје-Штип и Кичево – Охрид. Повеќе прочитајте ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа