ФОТО: Руни стана татко по втор пат

 

Играчот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни стана татко по втор пат. Сопругата на 27-годишниот англиски репрезентативец Колин, ноќеска родила второ момче. 

По многу турбуленции во бракот проследен со, прељуби, развод, развлекување по медиуми , но и смирувања, Вејн Руни и неговата сопруга Колин и се израдуваа на приновата.

Веста ја објави самиот фудбалер на профилот на Твитер и откри дека ќе се вика Клеј Ентони.

Малиот Клеј е крстен по боксерската легенда Касиус Клеј, кој си го смени името во Мухамед Али, бидејќи фудбалерот бил голем обожавател на боксот.

најчитано сега