Македонија во вториот барабан за извлекувањето на групите за ЕП 2016

 

Нашата најдобра ракометна репрезентација ќе се најде во вториот барабан за ждрепката за ЕП кое за две години ќе се игра во Полска. Извлекувањето ќе биде во петок на 11 април, со почеток во 11:30 часот. Ќе се формираат седум квалификациски групи, во кои ќе бидат сместени четири репрезентаци во по една група, кои ќе се извлекуваат од четирите барабани. 

Пласман на ова натпреварување ќе остварат најдобрите две од секоја група во квалификациите како и најдобрата третопласирана селекција по завршувањето на квалификациите. 

Пласман на ЕП ќе обезбедат двете првопласирени селекции од секоја група плус најдобрата третопласирана селекција по завршувањето на квалификацискиот циклус.

Македонија е во вториот барабан, што значи дека нема да се сретнеме со селекциите на Исланд, Германија, Русија, Белорусија, Шведска и на Норвешка.

Барабан 1: Данска, Шпанија, Хрватска, Франција, Србија, Унгарија и Словенија.

Барабан 2: Исланд, Германија, Македонија, Русија, Шведска, Белорусија и Норвешка.

Барабан 3: Австрија, Чешка, Црна Гора, Словачка, Литванија, Португалија и Холандија.

Барабан 4: БиХ, Израел, Летонија, Швајцарија, Украина, Турција и Финска.

07.04.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега