Реал Мадрид и ПСЖ со едната нога во полуфинале во ЛШ
Во рамките на ЛШ вечерва се играат реванш мечевите од четвртфиналето во кои силите повторно ќе ги измерат екипите на Челзи и Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд со Реал Мадрид.
Лондонскиот и германскиот тим речиси и да немаат шанса за понатамошен пласман по поразите во првите мечеви. Во Лондон Челзи ќе мора да брка победа од најмалку два гола разлика против Пари Сен Жермен по поразот во Франција од 1:3. ПСЖ на овој дуел ќе настапи ослабен без повредениот Златан Ибрахимовиќ.
Уште потешка мисија ќе има Борусија Дортмунд која во Германија се врати со пораз од Реал Мадрид со 3:0. Во Дортмунд поради повреда неизвесен е настапот на ѕвездата на Реал Кристијано Роналдо.
Почетокот на двата натпревара е во 20 часот и 45 минути. Другите две реванш 1/4финални средби ќе се одиграат утревечер.
Двојките се: Атлетико Мадрид - Барселона (1:1 прв натпревар) и Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед (1:1).
08.04.2014 - 14:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа