Награда од 60.000 денари за селекторот Петковски
Ракометната федерација на Македонија му додели 60.000 денари на селекторот на селекцијата за играчи до 20 години Зоран Петковски кој успеа да обезбеди пласман на ЕП во Австрија.
УО на Ракометната федерација на Македонија на денешната седница покрај останатите донесени заклучоци, воедно одлучи да го награди со 60.000 денари селекторот на репрезентацијата за играчи до 20 години Зоран Петковски.
Оваа одлука доаѓа откако Петковски заедно со македонските ракометни надежи изминатиот викенд со три победи против Италија, Грција и Исланд го освоија првото место во квалификациската група и обезбедија пласман на ЕП во Австрија кое ќе се одигра оваа година во месец август.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа