Гигантите Барса и Манчестер Јунајтед елиминирани од ЛШ

 

Две екипи од Мадрид се најдоа меѓу четирите најдобри во фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа Атлетико ја исфрли Барселона во шпанската четвртфинална пресметка.

Атлетико Мадрид победи со 1:0 со голот на Коке постигнат уште во 5.минута и по нерешените 1:1 на теренот на католонскиот клуб, му се придружи во полуфиналето на градскиот ривал Реал Мадрид.

По раното водство „јорганџиите“ имаа уште неколку убави шанси за погодок, а трипати ја погодуваа и рамката на голот на Барселона.

Покрај клубовите од Мадрид и лондонски Челзи, во полуфиналната фаза се пласира и европскиот првак Баерн Минхен кој иако синоќа губеше со 1:0, сепак на крајот со сигурни 3:1 го победи Манчестер Јунајтед.

Головите за домаќинот ги постигнаа Марио Манџукиќ, Томас Милер и Арјан Робен, во периодот од 59 до 76 минута. Голот за Јунајтед беше дело на Патрис Евра во 58.минута.

Баерн доминираше во текот на целиот натпревар и во целост ја имаше контролата на играта. На првиот дуел во Манчестер беше 1:1.

Жрепката за полуфиналето ќе се одржи утре на пладне во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. 

10.04.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега