Нова инвестиција во Охрид: Германска компанија ќе вработи 1000 луѓе

 

Уште една странска компанија од автомобилската индустрија објави дека ќе инвестира во Македонија. Извршниот директор на ОДВ Електрик  денеска од Охрид  ја објави одлуката на компанијата. 

Според најавите германската компанија ќе инвестира 15 милиони евра и ќе вработи до 1000 луѓе.

Работата ќе започне во постоечки објект годинава, но напоредно ќе се гради и нова фабрика во зоната во охридско – струшкиот регион која исто така е во градба.

ОДВ Електрик на почетокот ќе вработи 100 луѓе кои ќе се обучат во Германија, а потоа бројката на вработувања ќе достигне 1000.

Компанијата има деловни односи со уште една компанија која деновиве најави инвестиција во земјава, американската Ки Сејфти Системс.

ОДВ произведува делови за Порше, Фолксваген и други познати авотмобилски брендови.

Деталите пред малку од Битола ги соопштија првиот човек на компанијата, Лудвиг Батон, премиерот Никола Груевски и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

10.04.2014 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега