Атлетико Мадрид фаворит за трофејот во ЛШ - секој кој ја победил Барса на крајот се радувал

 

Тимот од Мадрид, Атлетико успеа да освои пласман во полуфиналето во ЛШ откако успеа да ја победи моќната Барселона. Пред двобојот, „јорганџиите“ важеа за аутсајдери, но сепак успеаа да ја надмудрат попуаларната тика така на каталонскиот тим и со квалитетна игра да обезбедат пласман меѓу најдобрите четири во Европа, и тоа по цели 40 години пауза. 

Со ваквиот пласман како што покажува досегашната статистика Атлетико Мадрид е фаворит за освојување на шампионатот. Имено досега сите оние кои што ќе ја победела Барселона на крајот го освјувале трофејот. Тоа им тргнало од рака на Манчестер Јунајтер, Интер, тим во кој настапуваше и нашиот фудбалер Горан Пандев, Челзи и Баерн Минхен. 

Традицијата е интересна, меѓутоа доколку составот на Диего Симеоне и натаму настапува по вкусот на љубителите на фудбалот, ќе може да оствари историски успех.

11.04.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега