Битка на гигантите - Реал ќе се пресмета со Баерн во ЛШ

 

Европскиот шампион Баерн Минхен ќе ги измери силите со Реал Мадрид, додека копјата ќе ги вкрстат и Челзи со Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на Шампиони. Ова беше резултат од извлекувањето на двојките во Нијон во седиштето на Европската фудбалска федерација.

„Нѐ очекуваат неизвесни натпревари, 'фифти-фифти' натпревари“, изјави шефот на управниот одбор на Бајерн Карл-Хајнц Румениге. „Реал има извонредна екипа“.

„Кралевите“ веќе дванаесет години чекаат на триумф во Лигата на шампионите. Изминатата сезона Реал во полуфиналето загуби од Борусија Дортмунд. Годинава Шпанците им се реваншираа во четвртфиналето.

Атлетико Мадрид за противник го има тимот на Челзи во второто полуфинале.

Првите пресметки ќе се одиграат на 22. и 23. април, додека реваншите се закажани на 29. и 30. април. Финалниот натпревар во Лисабон ќе се одигра на 24. мај.

Во второто по квалитет европско фудбалско натпреварување во Нијон беа извлечени и паровите за полуфиналните натпревари. Во шпанскиот дуел Севиља ќе ги одмери силите со Валенсија, додека фудбалерите на Бенфика Лисабон за противник го имаат Јувентус. Првите натпревари се закажани за 24. април, а реванш натпреварите ќе се одиграат на 31. април. Финалето годинава треба да се одржи во Торино на 14. мај.

11.04.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега