Лазаров: Мешков Брест е силна екипа но можеме да се носиме со неа

 

Лидерот и капитен на македонскиот ракометен шампион Филип Лазаров најави дека очекува тежок дуел во денешното СЕХА финале против Мешков Брест, но исто така верува дека неговиот тим има сили и квалитет по втор пат да триумфира во регионалното натпреварување. 

- Доколку Вардар во финалето одигра на начин на кој тоа го прави на последните натпревари, противникот ќе има многу тешка задача. Екипата на Мешков Брест значително се засили во финишот на сезоната. Тоа е тим составен од квалитетни ракометари, кои што знаат што значи да се игра финален натпревар. На сите позиции се добро покриени. Во досегашните меѓусебни дуели имаме позитивни искуства. Сезонава ги совладавме двапати, што значи дека можеме да ги победиме и да дојдеме до посакуваниот трофе, изјави Лазаров за клупската веб страна.
 
Финалето меѓу Вардар и Мешков Брест е на програмата денеска од 18 часот и 30 минути во спортската сала „Спенс“ во Нови Сад. 

13.04.2014 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега