ФОТО: Во чии раце падна наградата за „Фотка за дрес“?

 

Фотографијата на Ванчо Попов победи во наградната игра „Фотка за дрес“, организирана од страна на општина Аеродром.

На Фан страницата на градоначалникот Ивица Коневски оваа фотка успеа да собере 597 лајка.

На фотката се гледа капитенот на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски кој му го подарува потпишаниот дрес на тимот од Аеродром на победникот на онлајн играта на крајот од натпреварот со „Кожув“. МЗТ на овој меч извојува триумф со резултат од 97:90. 

Во битката за најдобра фотка за дрес, учествуваа 18 најуспешни и најкреативни од пристигнатите 30-тина фотографии со мотиви од акциите на сино-белите кошаркари, необични ситуации, фотографии од фанови, навивачи и слично.

14.04.2014 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега