Надал: Морам да играм поагресивно против Ѓоковиќ
Рафаел Надал пред настапот на Мастерс турнирот во Монако смета дека најголем конкурент за трофејот ќе му биде Новак Ѓоковиќ против кого ќе мора да одигра агресивно.
- За да го победам Ѓоковиќ ќе морам да бидам агресивен, да се движам многу добро и во секој поен да бидам концентриран. Ќе треба на секој можен начин да го најдам најдобриот пат до секој поен, истакна шпанскиот тенисер.
Надал вели дека Србинот е во подобра форма, но играта на земјени терени е предност за него.
- Новак доминираше на изминативе неколку турнири, но јас сум прв на АТП листата и со таков пласман го дочекувам Монте Карло. Позитивно за мене е што ќе играме на земјена подлога. Во секој случај ќе мора да дадам 100% за да може да се надевам на успех, истакнува Надал.
На Мастерсот во Монте Карло бранител на трофејот е Ѓоковиќ, кој во Кнежеството доаѓа по успешната американска турнеја и титулите од Индијан Велс и Мајами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа