Рекордна продажба на билетите за мечот Металург - Кил од само осум минути

 

Две илјади билети за ракометниот меч во Лигата на шампиони меѓу Металург и Кил беа распродадени во временски период од само осум минути. 

Ова претставува рекорд за продажба на билети кои биле останати во продажба, а од клубот навестија дека се изненадени од времето кое беше потребно за да се направи тоа. 

Речиси 85% од билетите беа набавени онлајн, а симпатизерите одлучија дека така е полесно да дојдат до билет поради тоа што ќе ги избегнат гужвите пред шалтерите кои се правеа годинавата кога се работеше за продажба на билети од мечеви во ЛШ.

Натпреварот се игра во сабота од 18.45 часот и Кил ќе биде пречекан во преполна сала и одлична атмосфера.

15.04.2014 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега