Мојсовски и Миркуловски ќе го носат дресот на Металург во следните 4 години
Македонските репрезентативци и играчи на шампионот „Металург“ Намуче Мојсовски и Филип Миркуловски и во следните четири години ќе го носат дресот на тимот од населбата Автокоманда. По тој повод денеска беше одржана и прес-конфренција, на која и претседателот на клубот Ристо Чокрев ги потпиша договорите со играчите.
- Чест ми што сум тука и што уште четири години ќе го носам дресот на „Металург“. Задоволен сум од резултатот оваа сезона и треба да се обидеме ова да го надградиме. Ова значи дека во „Автокоманда“ останувам до 2017 година, истакна Наумче Мојсовски, кој поради повреда ги пропушти последните неколку натпревари, но очекува да се врати за дербито со „Вардар Про“ и да биде подготвен за настапите на репрезентацијата во јуни.
- Оваа сезона стигнавме до 1/4 финалето од Лигата на шампионите. Со клубот потпишав на четири години што значи дека тука и би ја завршил и кариерата. Добро е што во клубот доаѓаат голем број млади, кои сега имаат многу подобри услови од колку кога почнувавме ние, рече Миркуловски.
ФОТО: Кајгана