Од тага по ќерка си и откажало срцето и умрела на рацете на сопругот

40- годишната Анита Вантиќ умрела синоќа од срцев удар, а нејзиниот сопруг Тони вели дека нејзиното срце престанало да работи поради големата тага која ја чувствувала поради загубата на ќерка си која се случила пред три години во сообраќајна несреќа.

Од кога нашата Анамариа загина, таа полека и тивко венеше.  Најчеста тема за разговор беше неправедната одлука од казна затвор од десет месеци за убиецот на нашата ќерка Томислав Зрни (23), поради кој и двајцата сме огорчени вели Тони низ солзи.

Ме повикаа веднаш во продавницата каде таа се наоѓаше. Брзата помош веќе била таму и пробуваа да ја спасат речиси час и половина, но ништо не можеше да и помогне, таа ми умре на рацете вели Тони.

 

 

22.04.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега