Вистински херој- пејачот на групата Ван Гог спаси жена во авион

 

Пејачот на групата Ван Гог, Звонимир Ѓукиќ Ѓуле ја покажа својата храбра страна во авионот кој минатиот викенд од Белград летал кон Абу Даби.

Како што откирва еден патник за српските медиуми, на една патничка во авионот многу и се слошило.

Жената  пребледела и изгубила свест, а на помош птистигнал пејачот.

 -Забележавме дека на госпоѓата не и е добро, но мислевме дека тоа и е поради страв од летање. Меѓутоа нагло ја смени бојата на лицето и се онесвести. Сите патници се вознемирија, а прв скокна Ѓуле и и даде вештачко дишење. Беше страшно! Имавме чувство како да сме во филм - изјави патникот.

Исто така тој додава дека не би знаел што би се сличило доколку Ѓуле не беше во авионот.

-Тој најбрзо реагираше. бидејќи седеше близу неа. Авионот веќе беше на пола пат, и не можеше никаде да се приземји непланирано. За среќа помошта од Ѓуле беше делотворна, бидејќи жената се освести - вели тој.

 

22.04.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега