Занети става крај на кариерата на мечот со Лацио

 

Ветеранот на Интер, Аргентинецот Хавиер Занети, на 10 мај на мечот против Лацио ќе стави крај на својата неверојатна деветнаесетгодишна кариера.

Ваквата информација ја откри еден од директорите на клубот за италијанските медиуми.  

Натпреварот со Лацио ќе биде претпоследен во рамките од годинашното првенство во Серија А. кој Интер ќе го игра на домашен терен, а во чест на капитенот клубот организира голема прослава.. 

Времето кога Занети заигра за Интер беше период кога никој ништо не знаеше за овој човек. Тоа беше време кога Серија А беше најсилната лига во светот. 

Интер во 1995-та година ги донесе Занети и Себастијан Рамберт, играч на кој малкумина денеска се сеќаваат.

-Мене ме купија онака, по пат, никој не знаеше за што сум способен. Додека на балконот не претставуваа на навивачите, никој не обрна внимание на мене. Мислам дека не очекуваа многу, вели Занети.

Во Аргентина го викаат „Трактор“ бидејќи за него нема загубен дуел, никогаш не застанува, без разлика на пречката. За Интер дебитираше во победата против Виченца на 27-ми август 1995-та година.

Сметајќи ги сите конкуренции за тимот од Милано одигра над 800 мечеви, а 1000 за сите клубови во кои настапувал. Собра 145 настапи за репрезентацијата на Аргентина.

Но, сега на сето тоа му дојде крајот. Време е дресот да се смени со костим и време е за нова функција во Интер. Се разбира фудбалот ќе биде посиромашен за еден голем, голем фудбалер.

22.04.2014 - 19:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега