Среде Скопје пукна македонскиот фудбалски резил - пак
Ако некогаш ја слушнете фразата „вечно дерби“ бидете сигурни дека таа не може да се однесува на фудбалот во Македонија. Дека е така денеска по кој знае кој пат потврдија тимовите кои важат за лути ривали на зелениот терен во земјава. Вардар и Пелистер денеска на дело покажаа зошто фудбалските стадиони во Македонија се празни. Во меч кој најдобро го опиша порталот Екипа како „Ел Патетико“ ниту еден од тимовите нема причина да си замине од Филип Втори со крената глава. Ако Пелистер се задоволува со 1 бод против денеска мизерниот Вардар, тогаш јасно е зошто овој тим до сега нема освоено титула.
Од друга страна, ако Вардар се уште смета дека може да биде европски клуб, тогаш крајно време е да се спушти од облаците.
0:0 по 90 минути встинско мачење за гледачите е само уште еден во низата фудбалски мечеви, кои доколку ги гледавте сигурно жалите за потрошеното време.
За резилот да биде поголем „вечното дерби“ го следеа помалку од 500 гледачи на најголемата фудбалска арена во земјава, од кои најголем дел најверни навивачи на Вардар од редовите на Комитите. Чкембари не се појавија на Филип Втори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа