„Сивус“ бара 400 работници од Македонија
Најголемата софтверска компанија во Македонија „Сивус“ продолжува да го шири својот бизнис во Македонија и преку развојот на ИТ индустријата во државата најави можност за околу 400 нови вработувања.
Како следен чекор, Сивус таргетираше уште осум градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Станува збор за Гостивар, Тетово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Радовиш, Делчево и Пробиштип. Со ова Seavus се вбројува во една од ретките компании во државата кои придонесуваат кон развојот на помалите градови, инвестирајќи во развојот на домашните ИТ специјалисти низ целата земја, истакнуваат од компанијата.
На почетокот од годинава, Сивус отвори канцеларија во Охрид, а веќе три години успешно функционира и канцеларијата во Битола.
Сите заинтересирани можат да аплицираат за вработување ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа