Од автомобилот не остана ништо - улучната трка ги однесе во смрт

Во раните утрински часови во Белград се случила страотна сообраќајка во која загинаа  млада девојка. Момче и девојка на 25-годишна возраст доживеале страотна сообраќајка која се случила кога најверојатно тие со својот автомобил, се тркале на улиците со друг автомобил.

Според податоците на српскиот Курир, момчето загубило контрола, удрило во бандера, па излетало од возилото. Тоа со тешки повреди во пределот на главата и вратот е пренесено во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот, додека за жал, девојката им подлегнала на повредите на местото на настанот.

Ова е само уште една во низата трагедии кои неделава ја потресоа Србија.

25.04.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега