И покрај неефикасната игра на Антиќ, Атланта поведе против Индијана

 

Тимот на Перо Антиќ Атланта успеа да поведе со 2:1 против Индијана во плеј-оф серијата, откако синоќа на домашен паркет успеа да слави со 98:85.

Антиќ на теренот се појави само 23 минути при што постигна еден поен, а забележа и три скока. 

Најефикасен беше Џеф Тиг, со дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока. Со 20 поени го следеше Кајл Корвер, а дабл-дабл оствари и Пол Милсап со 14 поени и исто толку скока. 

Во противничкиот табор, мрежичката ја полнеше Ленс Стефенсон со 21 поен и 13 скока, и Луис Скола со 17, додека Дејвид Вест забележа 16 поени. 

НБА плеј-оф, резултати:

Атланта – Индијана 98:85 (2-1 во победи)

Мемфис – Оклахома 98:95 (2-1 во победи)

Голден Стејт – ЛА Клиперс 96:98 (1-2 во победи)

25.04.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега