Скопје ќе се трка за домаќинлукот на фудбалското ЕП во 2020

 

Од ФФМ денеска и официјално ја поднесоа кандидатурата за организација на ЕП во фудбалско првенство 2020 година. ЕП во 2020 година ќе одбележи 60 годишнина од неговото постоење, а истото за шест години ќе биде во организација на 13 градови од стариот континет. Скопје и Националната арена „Филип Втори“ ќе биде еден од потенцијалните домаќини на натпревари од групната фаза. 

Кои 13 градови ќе бидат домаќини ќе се знае во септември кога ќе се објават имињата во Истамбул. Од мај до август најверојатно високи претставници од УЕФА ќе ги посетат градовите кандидати за домаќини, со цел да увидат во каква состојба се нивните фудбалски храмови и воопшто самата инфраструктура. 

Фудбалската федерација на Македонија изразува благодарност до Владата на Р.Македонија, град Скопје, надлежните министерства и институции, Националната арена „Филип Втори“ кои дадоа целосна поддршка за проектот – Скопје, град кандидат за ЕУРО 2020.

25.04.2014 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега