Водоинсталатери, механичари и разни занаетчии: Германија бара странски работници
На германскиот пазар на труд се потребни машински и електроинженери, лекари, медицински лица, електро и водоинсталатери, и разни други занаетчии и професионалци. На секои шест месеци се актуелизира листата на барани пофесии.
Германскиот пазар на труд се уште е отворен за професионалци, но исто така и за квалификувана работна сила од земјите надвор од Европската унија. Во Берлин, претставниците на Сојузното министерство за труд и Сојузното министерство за економија, ја презентираа листата на потребни професии, што би овозможило пристап до германскиот пазар на труд за работниците од други земји.
На листата на потребни кадри, освен лекари и машински инженери и електро инженерство, се и градежни техничари, електричари, електро и водоинсталатери, железнички работници и многу други професии. На пазарот на трудот на најсилната европска економија, можност ќе добијат и апсолвенти, односно студенти кои ги завршуваат своите студии, или кои само што ги завршиле.
Потребни квалификации
Околу можностите за вработување и барања за кандидатите, Беате Рабе од Федералната агенција за труд изјави: „Сепак мора да имаат адекватно образование. Мора да ги поседуваат соодветни квалификациите за работното место и се очекува добро познавање на германскиот јазик. Исто така ќе мора да се испочитуваат и законските регулативи за добивање право за престој во Германија. Постои можност за добивање на таа работа во случај ако таа професија во Германија е многу барана, а нема доволно кандидати од земјата. “
Оние кои во Германија се стекнале со професионално звања, полесно ќе добијат одобрение за вработување. Услов е барањето за квалификацијата да трае најмалку две години, и тоа на некоја призната образовна институција. Кандидати со дипломи од надвор од ЕУ, ќе мора во согласност со прописите, првенствено да завршат со решавање на валидација на истите. Тоа значи дека одредени професии, како што е наведено во став 6 од Деловникот за вработување ќе бидат признаени само доколку се исполнети стандардите, кои бараат исто звање во германскиот образовниот систем.
Граѓаните кои се заинтересирани за понудата за вработување, листата можат да ја погледнат на официјалниот сајт на германскиот Институт за пазарот на труд (www.arbeitsagentur.de).
Извор: Dojče vele
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа