Вардар денеска игра за пласман на „фајнл фор“
Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска попладне го игра еден од најважните натпревари од клупската историја. „Црвено-црните“ во Скопје го пречекуваат бундеслигашот Фленсбург, а противникот има предност од два гола (24:22) од првиот дуел. Вардарци се надеваат дека со помошта од навивачите ќе успеат да се пласираат на „фајнл фор“ турнирот во Лигата на шампионите што ќе се игра во Келн.
Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, Металург втора сезона од квалификациите стугнува до четвртфиналето. Извесно е дека бундеслигашот Кил ќе оди понатаму, а на нашиот претставник по десетте голови негатива од првата средба му преостанува да се прикаже во подобро светло на реваншот во Германија.
Македонец ќе има и на дуелот Барселона и Рајн Некар. Капитенот на македонската репрезентацијата Кире Лазаров со соиграчите од шпанскиот шампион ќе имаат задача да надополнат седум голови од првиот натпревар.
Реванш четвртфинални двојки во ракометната ЛШ:
денеска 17 часот: Вардар - Фленсбург (22:24 прв натпревар),
денеска 16 часот: Веспрем - ПСЖ (28:26),
денеска 20:15 часот: Барселона - Рајн Некар (31:38)
утре 14:15 часот: Кил - Металург (31:21).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа