И Хрватска се откажа од ЕП 2020 - шансите за Македонија се поголеми
Хрватскиот фудбалски сојуз се повлекува од кандидатурата за домаќин на Европското првенство 2020-та година.
Како што соопштуваат од фудбалскиот сојуз, причина за повлекувањето е незаинтересираноста на хрватската Влада, која не одговорила на официјалниот допис во врска со кандидатурата, со што не е исполнет законскиот предуслов за влез во трката за домаќинство на континенталниот шампионат.
-ХНС ја извести Еврпската фудбалска унија дека нема да ја предаде својата кандидатура за домаќинство на ЕВРО 2020, велагт од Хрватскиот фудбалски сојуз.
Претходно, од трката за организација на ЕП, се повлекоа Чешка, Полска, Португалија, Швајцарија, Франција и Турција.
Македонија, односно ФФМ, во петокот поднесе кандидатура за домаќинство на ЕП 2020. Откажувањето на овие земји значи поголеми шанси за Маедонија.
Инаку, идејата на УЕФА е првенството во 2020-та да се одржи во 13 европски градови по повод 60 години од одржувањето на првото ЕП,.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа