Шарапова победничка на ВТА туринирот во Штутгарт

Руската претставничка Марија Шарапова успеа да слави на ВТА турнирот во Штутгарт, откако поладнево успеа во финалето да ја победи Србинката Ана Ивановиќ.

Шарапова победи со 2:1 во сетови, иако првиот сет не навестуваше таков исход. Србинката го доби со 6:3, по што следуваше нејзин пад во играта. Во вториот Шарапова победи со 6:4, а во третиот доминираше и и препушти само еден гем на нејзината противнича (6:1).

За руската тенисерка, која го одбрани трофејот на овој турнир освоен минатата година, ова беше прва титула сезонава или вкупно 30-та во кариерата. Ивановиќ остана на 13 освоени трофеи во нејзината кариера.

27.04.2014 - 17:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега