Цибона славеше во Јадранската АБА лига

 

За прв пат во својата историја, тимот на Цибона стигна до титулата во АБА (Јадранската) лига, по синоќешниот триумф во финалето над „Цедевита“ од 72:59 во „Комбанк Арената“ во Белград.

Цибона беше подобар противник во текот на целиот меч, по што лесно и беше да го задржи водството до самиот крај. 

МБП на мечот беше Дарио Шариќ кој оствари 23 поени, 11 скокови, 6 асистенции и 4 блокади. 

Ова е втор пат во историјата хрватски тим да триумфира во АБА лигата, откако претходно тоа се случи во сезоната 2002/03 на Задар. 

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја заврши со скор од 12 победи и 14 порази.

Во новата сезона на местото на унгарската екипа Шолнок ќе игра бугарскиот тим Левски.

28.04.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега